ВЕСТИСВЕТ

Расте бројот на хоспитализирани во Франција! Епидемиолозите – ќе мора да се заклучиме

Франција вчера забележа намалување на бројот на нови случаи на коронавирус во споредба со средата, но бројот на пациенти во болниците продолжува да расте. Според француското Министерство за здравство, евидентирани се 22.848 нови случаи, додека во средата тој број бил 26.784, пренесува Ројтерс.

Бројот на пациенти на интензивна нега се зголеми за 24 на 2.876, додека вкупниот број на хоспитализирани се зголеми за 49 на 25.735. Според Министерството за здравство, 346 лица починале од последиците на вирусот корона во изминатите 24 часа, додека во средата тој број бил 310.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот во Франција, починале 71.998 лица, а таа земја забрзано се приближува до бројот на три милиони пациенти.

Според владата, бројот на пациенти на интензивна нега мора да биде помеѓу 2.500 и 3.000, пред да се разгледа ублажувањето на рестриктивните мерки во врска со движењето на луѓето. Минатата недела властите го продолжија времетраењето на полицискиот час за два часа, што започнува во 18 часот, наместо во 20 часот.

„Франција ќе мора да пристапи кон строги рестрикции како оние во Ирска и Велика Британија, доколку не успее да го заузда ширењето на вирусот, изјави денеска францускиот епидемиолог и владин советник Арно Фонтана.

Тој за француското радио Ентер рече дека мерката ќе зависи од напредокот во ширењето на новиот вид.

Според него, друг проблем е што Франција е во многу напната ситуација поради исцрпениот медицински персонал во болниците, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button