ВЕСТИСВЕТ

ЕУ воведува темно-црвени зони во епидемиолошката карта, еве што значи тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа – темно црвената зона.

Патниците од овие зони треба да бидат тестирани пред да заминат, а по пристигнувањето на дестинацијата, тие треба да одат во карантин.

„Темно црвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво“, рече фон дер Лајен по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирусите.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел рече дека лидерите на земјите-членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањата кои не се нужни.

„Убедени сме дека, кога станува збор за патувања што не се неопходни, треба да се разгледаат  ограничувањата“, рече Мишел, додавајќи дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button