ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС помина во собраниските комисии

На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беше поддржана потребната за донесување на законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС склучен меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.

– Додека да се операционализира Договорот од ФРОНТЕКС веќе ги добивме писмата и продолжува билатералната акција која ја имаме со неколку држави од ЕУ и од регионот за обезбедување на нашата јужна граница каде имаме некаде околу 160 полициски службеници од држави земји членки и од регионот, а од регионот е Србија. Така што ова ќе биде еден преоден период во којшто ќе можеме сите подготовки коишто се оперативни да ги завршиме и конечно да се започне со имплементацијата на Договорот, рече Спасовски.

На прашањето од претседателот на Комисијата Антонио Милошоски за тоа дали постојните билатерални ангажмани на полициски службеници и безбедносни сили од ЕУ-членки кои се ангажирани на јужната граница ќе бидат заменети со тимови на ФРОНТЕКС, Спасовски рече дека Договорот склучен со ФРОНТЕКС не ги исклучува овие билатерални договори, туку, вели, започнале и процес на склучување анекси на постојните договори со цел да се доуредат одредени прашања.

Министерот за внатрешни работи додаде и дека до крајот на 2023 година се обезбедени финансиски средства и полициски службеници кои ќе учествуваат во овие билатерални акции и врз основа на потребите ќе се цени бројот на полициски службеници којшто ќе биде ангажиран на основа на оперативниот план на ФРОНТЕКС по што ќе се знае дали би продолжиле и дел од билатералните акции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button