ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истекува рокот за конкурсот на Град Скопје за приватни превозници за автобуските линии 20 и 22

Рокот за јавниот повик на Град Скопје за приватни автобуски превозници на линиите со број 20 и 22 истекува денеска во 12 часот. Од Град Скопје за МИА велат дека резултатите ќе бидат соопштени откако ќе истече рокот, како и по неколку дополнителни денови поради чекање на евентуални пријави по пошта.

Повикот беше објавен пред еден месец и на него, како што информираше Град Скопје, немаат можност да конкурираат превозниците од „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“, поради прекршување на одредбите од претходниот договор од нивна страна. Неможноста за јавување на нов конкурс трае една година од денот на раскинување на претходниот договор.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button