СПОРТФУДБАЛ

Реал Мадрид со нов ултиматум до Килиан Мбапе

Според „Тајмс“, Реал Мадрид,  му испратиле јасна порака на Килиан Мбапе, или тој ќе го комплетира трансферот како слободен играч на лето, или никогаш нема да заигра во дресот на Реал.

Мбапе има право да преговара со која било екипа надвор од Франција, бидејќи договорот му истекува на лето и се пишува дека има начелен договор со мадридскиот клуб. Сепак, постојано се шпекулира дека ПСЖ преговара со семејството и агентите на Мбапе, со цел неговиот престој на „Паркот на принцовите“ за кратко да биде продолжен.

Против таквиот развој на настаните се противи Реал Мадрид, кој му даде до знаење на Мбапе, дека ако потпише со ПСЖ, тогаш никогаш нема да игра на „Сантијаго Бернабеу“ како играч на шпанскиот клуб.

Мбапе, кој го постигна единствениот гол во победата на ПСЖ над Реал минатата недела, потврди дека се уште не одлучил за иднината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button