ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Референдум за законските измени во образованието, ќе бара граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“

Надлежните останаа глуви на нашите барања и сакаат да ни наметнат реформи кои не се во интерес на нашите деца, реагираа денеска од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Од таму најавија координирани протести ширум Македонија и марш во Скопје, но и повеќе други активности.

„Ја покренуваме оваа иницијатива за стопирање на донесувањето на овој избрзан закон. Почнуваме со организирани и координирани мирни протести во сабота, 15 мај во 12:00 часот. Потоа, продолжуваме со поднесување на граѓанска иницијатива за задолжителен референдум против овој закон“, рекоа од граѓанската иницијатива.

Од таму додадоа дека бојкотот на наставата ќе биде прекинат со оглед дека учебната година е пред крај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button