ЗДРАВСТВО

Регистриран само еден нов случај на ковид 19

Македонија забележа само еден заразен од ковид 19 во последните 24 часа, што е исто така најниска бројка отако беше откриен првиот случај на вирусот минатата година. Има три жртви и 204 излечени. Регистриран е првиот случај во земјава со индискиот сој на вирусот. Индиската мутација беше констатирана минатата недела кај пациент кој се вратил од Ирак, каде претходно бил хоспитализиран 10 дена.

„Веднаш штом се врати во Македонија, пациентот со возило на Итна медицинска помош веднаш беше пренесен во приватна болница каде моментално се лекува. Состојбата на пациентот е стабилна и пациентот не претставува опасност за ширење на овој вид вирус “, потенцираат од Министерството за здравство.

Полицискиот час и другите тековни ограничувачки мерки ќе продолжат до 15 јуни. Министерот за здравство Венко Филипче во Кризниот штаб предложи да се продолжат мерките со цел да се ограничат групирањата доцна во ноќта, што може да предизвика влошување на ситуацијата.

„Епидемиолошката состојба во земјата е стабилна. Бројот на активни случаи опаѓа, а бројот на хоспитализации драстично опадна. Нема најави дека ќе има зголемување на новите случаи во наредниот период“, велат од МЗ.

Министерството за здравство соопшти дека за прв пат од почетокот на пандемијата, во Клиниката за инфективни болести лекарите започнале да ги контролираат пациентите и со други заразни болести освен ковид. Во моментов има вкупно 464 активни случаи со ковид.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button