ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 2.896 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 17 нови случаи на Ковид-19, од кои 6 во Скопје, 9 во Тетово и по 1 во Гостивар и Прилеп. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 8 пациенти. Во последниве 24 часа регистриран е еден смртен случај.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.981 случаи, од кои 150.251 се излекувани, а 5.489 починале. Во нашата земја во моментов има 241 активни случаи.