ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани нови 129 случаи на Ковид-19, починаа 22 пациенти

Во последните 24 часа во земјава се извршени 591 тест за коронавирус и од нив 129 биле позитивни, или 22 проценти од извршените тестови. Исто така во последните 24 часа животот го загубија 22 пациенти со дијагностициран КОВИД, додека 1.122 лица се опоравија.

Во земјава во моментов има 20.965 активни случаи со „Ковид-19“. Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 78.434 случаи, од кои 55.155 се опоравиле, а 2.314 пациенти ја изгубиле битката со болеста Ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button