ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ременски не даде свој исказ во случајот Меѓународен сојуз

Обвинетата поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски не го даде својот исказ-одбрана за случајот „Меѓународен сојуз“. Причина за ова според неа e бидеjќи не биле презентирани докази на одбранaта. Ременски е обвинета дека му помагала на Бојан Јовановски – Боки 13 во измама на бизнисмени за наводна изградба на старечки домови од Меѓународниот сојуз.

„Претставници на локалната и на извршната коишто имале конкретни овластувања, непосредно, директно, пишено, усмено, комуницирале, општеле со Меѓународниот сојуз, тоа не сум јас во овој случај и дека некаков субјективен впечаток не може да создаде лице од законодавната власт. Напротив тој впечаток веќе бил создаден, ако го имало“, рече Фросина Ременски, обвинета.

Адвокатката на обвинетиот правен субјект „Меѓународен сојуз“ во исказот пред суд рече дека нема елементи на сторено кривично дело, туку е процес за пред Граѓанскиот суд.

„Иако се работи за предмет којшто е во фаза на доказна постапка, јас како претставник на правното лице „Меѓународен сојуз“, во судница, а и сега стојам на становиште дека во неговите дејствија, односно во договорите и преддоговорите коишто се направени во име и за сметка на правното лице, не постои ниту еден доказ дека се работи за кривично дело“, изјави Иванка Јакимовска, адвокатка на „Меѓународен сојуз“.

По прашање на судот, дополнение на докази доставија и обвинителството и одбраната. Обвиннетиот Бојан Јовановски – Боки 13 предложи комуникациите од „WhatsApp“ со поранешни политичари од власта да се презентираат како дополнителни докази и како сведоци ги повика Заев, Кирацовски, Петровска, но и двајца обвинители Русковска и Паноски.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ ќе продолжи идниот петок. Тогаш судот треба да одлучи дали воопшто да ги прифати дополнителните докази на одбраната.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button