ВЕСТИСВЕТ

„Репортери без граници“: Годинава загинале 45 новинари вршејќи ја својата работа

Во 2023 година, 45 новинари загинале вршејќи ја својата работа, се вели во годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РСФ) објавен денеска(14 декември). Иако 17 новинари ги загубија животите во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, организацијата забележува најмалку смртни случаи од 2002 година.

Минатата година, според податоците на таа невладина организација, 61 новинар бил убиен за време на работата.

„Ова во никој случај не ја намалува трагедијата во Газа, но забележуваме пад, податоците се далеку од повеќе од 140 убиени новинари во 2012 година, потоа во 2013 година, главно поради војните во Сирија и Ирак“, изјави генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button