ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

ЕУ ја потврдува посветеноста на европерспективата на Западниот Балкан, пред нас остануваат уставните измени

Европската Унија вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел ја потврди својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на земјите од регионот во Унијата и повика на забрзување на процесот на пристапување базиран на веродостојни реформи од нивна страна, фер и ригорозни услови и врз принципот на индивидуални заслуги.

Премиерот Димитар Ковачевски кој ја преставуваше земјава на собирот порача дека предлог заклучоците доставени од Советот за општи работи на ЕУ до лидерите на земјите членки на Унијата во пресрет на денешниот Самит се многу јасни во однос на нашата единствена обврска што треба да ја завршиме пред продолжувањето на европскиот пат.

– Ние секако ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставните измени е процес којшто ќе продолжи, којшто е неминовен и којшто на крајот ќе резултира со успешно завршување на тој процес, успешно завршување на преговорите и да станеме земја членка на ЕУ, порача Ковачевски при пристигнувањето на Самитот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button