ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизорите залудно откриваат корупција, Обвинителството пасивно по однос на констатираните пропусти

Иако Државниот завод за ревизија неколку пати барал информација од обвинителството што се случува со извештаите каде ревизорите нотирале елементи за кривична одговорност, одговор не добиле. Првиот човек на ДЗР посочува дека обвинителството е пасивно по однос на констатираните пропусти на ревизорите. Од обвинителството за Алсат посочија дека секој кој има сомнеж за кривично дело треба да пријави.

„Обвинителството како орган нема обврска повратно да ги известува институциите дека оформило предмет врз основа на извештаите доставени од нивна страна“, наведоа од Обвинителството.

Освен што обвинителството смета дека не треба да ги извести ревизорите доколку со нивна помош откриле корупција, не дадоа прецизен одговор ниту колку истраги отвориле лани и годинава по основ на извештаи од ДЗР. Тврдат дека по секој документ испратен од државната ревизија, формираат предмет.

„Ревизорскиот извештај не е единствен доказ во постапката. Обвинители прибираат и други докази за да се провери дали во конкретниот случај било извршено кривично дело кое се гони по службена должност“, додаваат од Обвинителството.

Директорот на заводот за ревизија јавно искажа незадоволство за, како што вели, инертното постапување на обвинителство за нивните извештаи.

„Ќе констатираме една неповолна состојба во делот на однесувањето на обвинителството, а тоа е дека за жал и покрај тоа што во суштина за сите ревизорски извештаи за кои сме сметале дека имало елементи за покренување постапка од обвинителството за утврдување на она што значи дали навистина постои корупција и елемнти на кривична одговрност и покрај нашите две обраќања до денот на овој настан ние немаме повратана информација за состојбата“, рече Максим Ацевски, Директор на ДЗР.

Според анализите на Државниот завод за ревизија од 2015 – та до 2018 – та година, констатирано било дека во дури 54 отсто од јавните набавки во државава имало само една понуда, што е можен показател за корупција, податок кој му е познат и на обвинителството.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button