ВЕСТИРЕГИОН

Седница на Советот за безбедност на Србија за ситуацијата во Косово

Советот за национална безбедност на Србија денеска ќе одржи седница на која ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Повод за седницата е одлуката на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Косово, која во соработка со косовската полиција вчра почна да ја спроведува реализацијата на Бриселскиот договор меѓу Косово и Србија за слободата на движењето.

Во општините во северно Косово со мнозинско српско население досега беше можно да се возат автомобили со регистарски таблички со градовите во Косово кои ги издава МВР на Србија, што не беше во согласност со спогодбата од Брисел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button