СПОРТ

Рибакина против Колинс во финалето на Мастерсот во Мајами

Елена Рибакина се пласираше во финалето на турнирот во Мајами каде ќе игра против aмериканката Даниеле Колинс.

Advertisements

Рибакина во полуфиналето во три сета ја победи Викторија Азаренка и покрај тоа што загуби сет без освоен гејм. Првиот сет го доби со 6-4, но во вториот загуби со 0-6. Сепак во третиот решавачки по голема борба победи во тајбрејк со 7-6 и се избори за финале.

Рибакина стана само третата тенисерка која во последните десет години успеала да стигне до последователно финале во Мајами, тоа претходно им успеа само на Серена Вилијамс и Ешли Барти.

Во финалето Рибакина ќе игра против aмериканката Даниеле Колинс, која во полуфиналето ја совлада Екатерина Александрова со 6-3 и 6-2.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button