ВЕСТИСВЕТ

Макрон: Г-20 да се договорат пред да го поканат Путин на самитот во Бразил

Претседателот на Франција Емануел Макрон вчера изјави дека земјите членки на Г-20 мора претходно да се договорат пред да го поканат рускиот претседател Владимир Путин на самитот на групата во Бразил во ноември.

„Поентата на овој клуб е дека треба да има консензус со другите 19 земји. Ова ќе биде работа за бразилската дипломатија. Ако таков состанок може да биде корисен, тогаш треба да се одржи“, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Бразил со неговиот колега Луис Инасио Лула да Силва.

Бразил, актуелниот претседавач со групата Г-20, која сочинува 80 проценти од светската економија, е против напорите предводени од САД да се изолира и казни Русија за нејзината инвазија врз Украина тврдејќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и западните земји имаат вина за војната.

Путин не присуствуваше на минатогодишниот самит на Г-20 во главниот град на Индија, Делхи, избегнувајќи можна политичка цензура и ризик од притвор по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во септември 2023 година Лула изјави дека нема шанси Путин да биде уапсен доколку присуствува на самитот во Рио де Жанеиро. Набргу потоа тој се обрати и рече дека одлуката за евентуалното апсење на Путин ќе ја донесе судскиот систем, а не неговата влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button