ВЕСТИРЕГИОН

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Првиот земјотрес се случил на југот на Грција нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следел уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Првично било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, но набрзо тој бил сменет на 5,7 степени според Рихтер.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во морето, на само неколку километри од популарниот туристички остров Закинтос и 37 километри од градот Филијатра.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button