ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одреден 48-часовен куќен притвор на двајца од приведените за убиството во Железара

На две од лицата кои приведени од полицијата во врска со убиството на 67-годишниот лекар пред една недела, синоќа им бил определен 48-часовен куќен притвор, информираат од републичкото Јавно обвинителство.

Мерката е определена на барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи сè уште се работи на прибирање на докази во врска со случајот.

„Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена“, се вели во информацијата на Јавното обвинителство.

Инаку, како што изјави вчера техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за убиството на докторот, кој минатиот четврток доцна вечерта беше пронајден избоден во близина на поликлиниката „Железара“ се приведени вкупно три лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button