ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

РКЕ ги анализира бројките, сѐ уште не се знае колкаво би можело да биде поскапувањето на струјата, вели Бислимовски

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, без прецизен одговор колкаво би можело да биде поскапувањето на струјата за кое сѐ погласно периодов се зборува во јавноста. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Бислимовски рече дека до нив веќе се доставени побарувањата на компаниите, а нивното разгледување е во тек.

„РКЕ во текот на минатата недела ги доби барањата од компаниите на коишто им ја определува цената, тоа се МЕПСО, Електро-дистрибуција, НЕМО и од ЕВН-Хоум. На овие компании РКЕ им ја определува цената и вкупно што може да влијае Регулаторната комисија е 38%. Во овој момент не можеме да кажеме ништо бидејќи ги анализираме бројките“, рече Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button