СПОРТФУДБАЛ

Рубен Аморим ќе го наследи Клоп, Спортинг прифати оштета од 15 млн евра

Еден од најперспективните тренери во светот, Рубен Аморим ќе го наследи Јирген Клоп во Ливерпул. Португалските медиуми објавија дека, Рубен Аморим постигнал договор со челниците на Ливерпул. Младиот стручњак имал средба со челниците на Ливерпул во Лисабон по која двете страни си „пуштиле рака“.

Advertisements

Оваа одлука Аморим им ја соопштил на своите соработници, кои започнале интензивен курс по англиски јазик, што е доволно да се претпостави дека работата е завршена. Ливерпул ќе мора да плати оштета за Аморим, бидејќи тој се уште има договор со Спортинг, со кого оваа сезона ита кон шампионската титула во Португалија.

Имено, Спортинг има неколку клаузули во договорот со Аморим. Едната вели дека цената на обештетувањето за португалските клубови е 30.000.000 евра, додека за странските клубови оштетата е 20.000.000 евра. Португалските медиуми тврдат дека Спортинг од Ливерпул ќе прифати оштета од 15.000.000 евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button