СПОРТ

Руне после 2 часа го совлада Фриц и закажа дуел со Медведев

Данскиот тенисер, Холгер Руне, се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс, откако утринава го совлада aмериканецот Тејлор Фриц со 2-6, 7-6, 6-3, во меч што траеше два часа и 18 минути.

Ова беше прв триумф за седмиот тенисер во светот во вториот меѓусебен дуел со ривалот од САД, кој, пак, во моментов е 12-ти на АТП листата. Данецот за пласман во полуфиналето на овој мастерс ќе игра против pусинот Данил Медведев, кој го совлада бугаринот Григор Димитров (6-4, 6-4) во меч што траеше 77 минути.

Во преостанатите мечеви од четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс ќе се сретнат Томи Пол (САД) – Каспер Руд (Норвешка), Јаник Синер (Италија) – Јиржи Лехечка (Чешка) и Карлос Алкараз (Шпанија) – Александар Зверев (Германија).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button