ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хисени: Османи е курбан без Бајрам на ДУИ – пациентот не може да го победи докторот!

Откако ВРЕДИ го промовираше својот претседателски кандидат, ДУИ веднаш го смени ставот искажан на една од косовските телевизии кога изјави дека е рано за претседател Албанец, рече на денешната прес конференција Фари Хисени од коалицијата ВЕРДИ (ВЛЕН).

„Изненадувачки, по објавувањето на кандидатурата на кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Др. Арбен Таравари, брзо го сменија ставот. Го предложија Бујар Османи со единствена причина – да не дозволат да има само еден заеднички кандидат Албанец. Денеска сме тука на кратко да покажеме зошто Бујар Османи е едноставно курбан без Бајрам на ДУИ на овие избори. Бујар Османи не може да биде кандидат кој ќе ги претставува Албанците бидејќи, за негов срам, е првиот и единствен Албанец со предмет во Специјалното обвинителство, каде што е обвинет за корупција во случајот наречен „пациент“. Пациентот Бујар Османи не може да победи против др. Таравари бидејжи Таравар вреди, а Бујар лаже“, рече Хисени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button