СВЕТ

САД ги ограничија патувањата на службениците во Израел поради страв од напад на Иран

Соединетите Држави им забранија на своите вработени во Израел и на членовите на нивните семејства да патуваат надвор од поголемите области на Тел Авив, Ерусалим и Бер Шева, поради потенцијален одмазднички напад на Иран врз Израел по смртта на командантот на Револуционерната гарда во Сирија, соопштија денеска од американската Амбасада во Израел.

„Поради голема претпазливост, на вработените во американската Влада и на членовите на нивните семејства им е забрането приватно патување надвор од пошироката област Тел Авив, Ерусалим и Бир Шева до натамошно известување“, се наведува во соопштението на Амбасадата.

Британските медиуми пренесуваат дека во соопштението се додава дека персоналот на американската Влада е овластен да се движи меѓу трите области заради приватни патувања.

„Постојано ја проценуваме ситуацијата на теренот. Нема да зборувам за конкретните проценки што нè наведоа да го ограничиме приватното патување за нашите вработени и членовите на семејствата, но јасно е дека ги следиме околните закани на Блискиот Исток, особено во Израел, изјави портпаролот на Стејт департментот“, Метју Милер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button