РЕГИОН

САД го поддржуваат премот на Косово во Партнерството за мир, но потсетуваат дека е потребен консензус

САД го поддржуваат членството на Косово во европските и евроатлантските институции, вклучително и во Партнерството за мир на НАТО“, изјави Џефри Адлер – портпарол на американската мисија во НАТО, во писмен одговор до Радио Слободна Европа.

Сепак, Адлер потсетува дека сите одлуки на Алијансата, вклучително и партнерствата како што е Партнерството за мир, се носат со консензус на Северноатлантскиот совет.

Косовскиот премиер Албин Курти на 4 мај во Берлин ја објави намерата на неговата влада да поднесе барање за членство во Партнерството за мир.

Сепак, по изјавата на Курти, претставници на НАТО се огласија и предупредија дека за сите одлуки во Алијансата е неопходен консензус меѓу земјите членки.

Од 30 земји-членки на НАТО, четири не ја признаа независноста на Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button