ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје очекува консолидација на позициите во бугарската влада

Изјавата на претседателот на Бугарија Румен Радев кој рече дека нема да дозволи легитимирање на македонизацијата во ЕУ, министерот Бујар Османи ја оцени за провокација. Тој рече дека земјата не треба да стане жртва на вакви провокации кои беа многу вообичаени на почетокот на процесот и за жал не вратија на истата точка.

„Мислам дека е многу важно овие денови и овие недели да се внимава да не станеме жртви на провокации кои имаат за цел да бидеме блокирани и виновни за тоа. Наша цел е и деблокирање и градење коректни односи со Бугарија. Вака ќе продолжиме и во следниот период и секако ги отфрламе ваквите провокации и ги осудуваме“, рече Османи.

На маса е добар предлог, Бугарите да бидат внесени во Уставот пред членството на Северна Македонија во ЕУ вели Османи. Скопје очекува консолидација на позициите во владата на Петков. Топката е на бугарската страна.

“Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се промени на следниот Совет за општи работи, изјави за БГНЕС бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

„Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да се зборува кај кој тим е топката или на кој терен. Нашиот став е крајно јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој начин подобро да му објаснам на господинот Османи“, додава Генчовска.

Дали очекувате промена на позицијата на Бугарија во Советот за општи работи?

„Не. Нашиот став не може да се смени во Советот за општи работи бидејќи немаме таква тема на Советот што е пред нас во понеделник“.
За Владата е неприфатливо инсистирањето на преговори со ЕУ да се заснова на историски случувања.

Бугарските власти не потврдија дали ќе учествуваат на Форумот во Преспа, кој ќе се одржи во јуни, а на кој ќе присуствуваат претставници од регионот и од институциите на ЕУ и САД.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button