ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одроните кои се случија вчера на патот Скопје-Блаце, аларм за нови можни одрони

Долги редици автомобили на патот кој води кон Блаце. Дел од овој патен правец функционира само со една коловозна лента бидејќи багерите ги отстрануваат карпите кои вчера паднаа од ридот. Работните тимови рекоа дека се отстранети над 320 m3 масивни камења, но сè уште останува половина од работата. .

24 часа камионите работат на расчистување на патот Скопје-Блаце, но и по отстранувањето на одронот во текот на денешниот ден, патот и понатаму ќе остане функционален само на една коловозна лента, бидејќи ризикот од нови одрони е голем.

Надлежните велат дека целосната блокада на патот и практично на граничниот премин “Блаце“ вчера траела само половина час. Од Јавното претпријатие „Македонија Пат“ соопштија дека на овој патен правец има 7 потенцијални точки за одрони на камења поради силна ерозија на почвата.

Одронот што се случи во вторник напладне е аларм за надлежните да ја забрзаат изградбата на новиот автопат Скопје-Блаце, проект кој се ветува со години.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button