ФУДБАЛ

САД победник на „Голд куп 2021“

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави е победник на „Голд Купот 2021“, откако во финалето ја победи репрезентацијата на Мексико со 1:0. Единствениот гол во финалето беше постигнат во продолженијата, бидејќи натпреварот во регуларното време заврши нерешено без голови. Решавачкиот момент беше забележан во 117 – та минута, кога Робинсон постигна гол со глава, запишувајќи го „Златниот гол“ во ова финале, по што натпреварот беше прекинат и трофејот отиде во рацете на американскиот тим. Инаку ова е втора победа на САД над Мексико во последните два месеца. И на претпоследниот натпрвар Американците, по речиси истото сценарио, во Лигата на нациите ги победија Мексиканците, со решавачкиот гол во судиското продолжение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button