МАКЕДОНИЈА

Три пациентки од Куманово починаа од компликации од коронавирус

Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на Ковид-19 на клиника во Скопје. Покрај неа, починаа уште две жени од Куманово, на возраст од 49 и 74 години.

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева, денеска изјави дека најмладата пациентка побараа помош на 29 јули, прво во дневната болница на инфективното одделение поради симптоми на коронавирус. По два дена ѝ било препорачано да остане во болницата.

– По влошување на лабораториските параметри и клиничката слика и откако самата се пожалила дека не го чувствува бебето, испратена е до ГАК Скопје, изјави Захариева.

Втората пациентка од Куманово на 49-годишна возраст, примала прва доза вакцина. Како што појасни Захариева и таа по влошувањето на клиничката слика била испратена во Скопје, каде и починала,

Последната 74-годишната пациентка починала во кумановската болница, таа била дијабетичар, со покачен крвенс притисток и развила тешка клинчка слика.

– Жалам за сите наши сограѓанки кои починаа од компликации од коронавирусот. Граѓаните треба да се свесни дека компликациите кои се тешки и затоа стриктно треба да се придржуваат до мерките, а најважна во оваа борба против пандемијата е вакцинацијата, изјави Захариева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button