ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запленети оружје и муниција во Скопје

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, денеска при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршума.

Од МВР денеска соопштија дека е извршен увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button