КОШАРКА

Македонските кошаркари вечерва на пријателски натпревар со Црна Гора

Репрезентацијата на Македонија во кошарка, вечерва, во спортската сала „Јане Сандански“ ќе го одигра првиот пријателски, од двата планирани натпревара, против репрезентацијата на Црна Гора. Пријателскиот натпревар ќе биде од затворен карактер и ќе биде прва можност на техничкиот штаб предводен од селекторот Драган Бајиќ, да ја тестира сегашната форма на кошаркарите пред квалификациските предизвици против Швајцарија и Словачка. Тренерот Бајиќ за овој натпревар ќе ги тестира 15 – те кошаркари, а по два дена, по вториот контролен натпревар, ќе има појасна слика за новите сили на кошаркарите, кои се борат за место во македонската кошаркарска репрезентација. Репрезентацијата на Црна Гора, во овој контролен предизвик ќе биде без трите најдобри кошаркари: Никола Вукчевиќ, Џастин Кобс и Бојан Дубљевиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button