КОШАРКАСПОРТ

ТФТ направи „брејк“, победи на гостувањето кај Чаир 2030

Кошаркарите на ТФТ направија „брејк“ откако со 83-72 славеа на гостувањето кај Чаир 2030 и израмнија на 1-1 во четвртфиналната серија од Првата македонска лига.

Првата четвртина беше изедначена во најголемиот тек, но при нејзиниот крај ТФТ почна да се одлепува и го доби периодот со 22-17. Тимот од Тафталиџе и во втората четвртина продолжи да ја зголемува предноста, на одморот заминаа со водство од 45-35. Во третиот период Чаир комплетно го сврте мечот, имаше водство од 54-52, но следуваше серија на ТФТ од 9-0 со која дојдоа до предност од 61-54. Во последниот период гостите имаа комплетна контрола врз резултатот и на крајот славеа со 83-72.

Верц со 26 поени беше најдобриот кошаркар во составот на ТФТ, Галовеј реализираше 21 поен за Чаир. Серијата меѓу овие два тима сега е израмнета 1-1, домаќин на следниот меч е ТФТ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button