ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК ќе ги утврди редните броеви на гласачкото ливче за парламентарните избори

Се очекува денеска да се одржи седница на која ќе се утврди редоследот на гласачкото ливче на парламентарните избори закажани за 8 мај, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Оттаму велат дека со измени во Изборниот законик изгласани на 1 април годинава се предвидува во време на двојни избори, една ждрепка во ДИК ќе утврдува редослед и за претседателските и за парламентарните избори. Тоа значи дека редоследот кој беше утврден за претседателските избори ќе остане и на партиите за парламентарните избори.

Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори. Втора е Гордана Силјановска-Давкова, кандодат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Четврт е Бујат Одмани, кандидат од ДУИ, петта е Билјана Ванковска-Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од кандидат за претседател на државата на коалицијата „Влен”, а седми е Максим Димитриевски, кандодат на ЗНАМ.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button