КОШАРКАСПОРТ

Шарлот Хорнетс ја прекинa соработката со тренерот Клифорд

Управата на Шарлот Хорнетс ќе ја прекине соработката со тренерот Стив Клифорд, кој ќе замине веднаш по завршувањето на тековната сезона, јавуваат американските медиуми.

Клифорд изјави дека самиот се повлекува од позицијата и рече дека заминува поради преголема исцрпеност.

„Ова беше многу тешка и напорна сезона за мене. Потребна е огромна енергија за НБА лигата, но знам дека ми е потребен одмор и морам да се посветам на семејството“, кратко изјави тренерот.

На клупата на Шарлот по вторпат седна пред две сезони, а вкупно забележа учинок од 241 триумф, што претставува рекорд на франшизата. Претходниот мандат во Хорнетс беше во периодот помеѓу 2013 и 2018 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button