КОШАРКАСПОРТ

Гостите ниту еднаш не шутнаа слободно фрлање!

Милвоки го победи Бостон со 104-91, а овој меч ќе биде запаметен по тоа што гостите ниту еднаш не шутнаа слободно фрлање, а домаќините го направија двапати.

Звучи неверојатно, но се случи. Првпат во историјата на НБА еден тим не шутна слободно фрлање на еден натпревар. Кошаркар на Бостон не застана на линијата за слободни фрлања. Тоа се должи и на нивната игра, имаа дури 52 шута за три поени, па не беа често во рекетот на противникот.

За ситуацијата да биде уште побизарна, Милвоки само еднаш во текот на мечот изведуваше слободни фрлања, едното го погодија, другото го промашија. Тејтум со 22 поени беше најефикасен на мечот, Адетокумбо постигна за него скромни 15 поени, исто колку Лопез и Портис, најефикасен кај Милвоки беше Беверли со 20 поени, имаше и 10 скокови./Sport1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button