ВЕСТИРЕГИОН

САД се за одлагање на изборите на северот на Косово

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Чолет изјави дека поради тензиите во последните неколку дена, треба да се одложат изборите за претседатели на четири општини на северот на Косово. „Јасно кажавме дека не е вистинско време за избори со оглед на чувствителноста на моментот и видовме насилство во последните 24 часа. Времињата се напнати и сакаме да се погрижиме да има услови за одржување слободни и фер избори. Косово е мултиетничка демократија, како САД. Затоа сметаме дека овие избори треба да се одложат додека не дојде време кога ќе може да се одржат без да се поттикнува нестабилност и насилство“, изјави Чолет за Гласот на Америка.

Тој додаде дека „САД се горди на работата што ја направија во изминативе 20 години за воспоставување демократија во Косово и ние сакаме да ја поддржиме и зачуваме работата“. „Ќе бидам таму (во Косово) следната недела и тоа ќе биде една од главните теми во разговорите со претседателот и премиерот додека чекаме да работиме на заеднички пат напред“, рече Чолет. Изборите за претседатели на четири општини на северот – Северна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан се закажани за 18 декември. Синоќа, според косовската полиција имало напад врз нивни припадници при што еден полицаец бил полесно повреден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button