ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Сали: Со матичните лекари сме во постојана комуникација

Сали: Со матичните лекари сме во постојана комуникација

Завршува тридневниот штрајк на матичните лекари. Епилог нема. Нивните барања за зголемување на коефициентот на цените на примарните медицински услуги останува да биде разгледано од здравствените власти. Од Министерството за здравство велат дека не прифаќаат закани и во услови на штрајк да зборуваат само за покачување на платите. Тие бараат прво да се зголеми квалитетот на работата на матичните лекари, па потоа да бидат наградени.

Министерот за здравство Сали рече дека ова решение е дефинирано во законските измени кои се во завршна фаза.

„Преговараме 8 месеци и сме во постојана комуникација. Условувањето дека ќе одржиме штрајк не е начин да се најде решение. Првите луѓе на тие здруженија се информирани до каде сме стигнале со разговорите или да одобриме само 2 од 20 точки. Сакаме сите легитимни барања да ги овозможиме за да се направат реформи во примарното здравство, да се зголеми ефикасноста на работата на матичните лекари низ државата“, Беким Сали, министер за здравство.

Ваквиот тридневен протест не им се допадна на здравствените власти кои истакнаа дека пациентите останале без да добијат медицинска помош. Но, не се знае кога може да се исполни барањата. Од Здружението на матични лекари велат дека нема да отстапат од нивните барања и следен чекор се протестите.

„Приоритет ни е да го зголемиме коефициентот на цените на здравствените услуги, не знаеме дали во Владата или во Министерството за финансии некој треба да донесе одлука. Со сите овие поскапувања, пет години по ред има раздвижување насекаде, само во нашиот сектор имаме стагнација. Следниот чекор се протести“, велат од Здружение на матични лекари.

Штрајкот на матичните лекари кој започна во понеделникот заврши во средата без да се постигнат посакуваните резултати. За време на тридневниот протест не примаат пациенти и не даваат упатства и рецепти. Според договорите што приватните лекари ги склучуваат со Фондот за здравство добиваат по 63 денари за секој пациент месечно, а тие бараат 90 денари.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button