МАКЕДОНИЈА

Самит на Отворен Балкан: Потпишан договор за заемно признавање дипломи од високообразовни институции

Премиерот Димитар Ковачевски,  неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на Самитот на иницијативата Отворен Балкан во Охрид потпишаа договор за соработка на Западен Балкан во областа на заемно признавање на дипломите и степените издадени од високообразовните институции и други овластени институции.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, вицепремиерката и министерка за култура и информирање на Србија, Маја Гојковиќ и министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, пак, потпишаа меморандум за разбирање за културна соработка.

Беа потпишани и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот и на даночните управи на Западен Балкан од страна на ресорните министри и раководители на институции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button