МАКЕДОНИЈА

Санкционирани 17 возачи поради непрописно вградени фолии на стаклата на возилата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 8 август до 14 август спровело акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

Advertisements

При контролата, како што посочуваат од МВР, се санкционирани 17 учесници во сообраќајот.

– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button