ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков по вторпат се разболе од корона

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, по вторпат заболе од Ковид – 19. Алсат дознава дека Мијалков на 5 јануари направил тест во приватна лабораторија по што добил позитивен резултат на вирусот. Поради ова, тој денеска не се појави во Кривичниот суд за да седне на обвинителна клупа за случајот „Плацови на Водно“. Судијата Илија Трпков соопшти дека решението за изолација на Мијалков му било издадено од 10 јануари. Кога се издава решение за изолација наведено е дека таа важи од денот на тестирањето, што значи дека на Мијалков изолацијата му трае до утре или до.

„Бранителот на обвинетиот Сашо Мијалков достави поднесок дека обвинетиот е позитивен на коронавирусот и во него е наведено дека му е одредена изолација од 10 дена ако нема симптоми или лекување и изолација од 20 дена ако појават симптоми“, изјави Илија Трпков, судија.

Мијалков бил во добра здравствена состојба.

„Јас колку што знам (состојбата) е онаква каква што ја има секој којшто е заразен со корона, точно не сум запознаен затоа што немаме физички контакти, се слушаме од време на време“, нагласи Звонко Давидовиќ, адвокат на Сашо Мијалков.

И додека Мијалков по притворот сега мора да биде во домашна изолација, бизнисменот Орце Камчев денеска во судот дојде како слободен човек. По укинатитот притвор Камчев на судењето „Плацови на Водно“ дојде со свое, а не со полициско возило како претходно. Денешното беше прво рочиште откако на Мијалков и Камчев судот им го укина притворот. И двајцата, одделно, гарантираа дека нема да бегаат со приближна сума од по 11 милиони евра. На Камчев му се суди за перење пари, а на Мијалков за помагање во извршување на делото.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button