ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Заев ветуваше влез на „Facebook“ и „Google“, но никогаш не дојдоа

На неколку дена до изборот на третата влада предводена од СДСМ јавноста сè уште ги чека на големо најавуваните милионски инвестиции на Фејсбук и Гугл во Македонија. Поминаа речиси пет години, но инвестиција од таков ранг на компанија ве земјава нема. Денеска директорот на индустриските зони Јован Деспотовски рече дека тие инвестиции не ги ветил тој, но најавува инвестиции на компании од областа на фармацијата и ИТ индустријата.

„Не би имал коментар за тоа, затоа што тоа не беше моја најавата секако. Она што можам да го кажам, а е во мојата работна програма, целите кои ги поставив на почетокот на мојот мандат, а тоа е да донесеме инвеститори со многу поголема додадена вредност“, изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Во 2017 година гигантите Фејсбук и Гугл ги најави лично сега веќе премиерот во заминување Зоран Заев. Со помош на овие инвестиции Заев рече дека ќе се решел и проблемот на високата стапка на невработени млади луѓе.

„Работам на привлекување на Фејсбук и Гугл со централи во Македонија со тоа што ги оданочуваат со 23 и со 19 отсто во Швајцарија и во Даблин, да дојдат овде. Малта им нуди 4,3 отсто, јас им понудив три отсто. Ама ќе дојдат со 30 милијарди евра добивка на три отсто тоа се 900 милиони евра добивка во државата. Ние нема да изгубиме ништо, а тие ќе отворат многу работни места“, рече Зоран Заев премиер во заминување.

Инаку, токму во ветувачката 2017 година се забележани најмалку инвестирани средства од страна на странските инвеститори во последниве пет години и тоа само 181 милион евра. Состојбата се подобрила следната година која биле инвестирани 614 милиони евра странски капитал во индустриските зони низ земјава. Податоците велат дека освен зоните во Скопје, останатите со години зјаат празни.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button