ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се одлага судењето за професорот кој со боксирач нападна ученик

Почетокот на судењето, кое требаше да започне денес, а во кое професор по англиски јазик од струшката гимназија Ибраим Темо, е обвинет, дека со железен боксирач, нападна ученик во училишниот тоалет, е одложено за 24 јануари информира за Алсат, предметниот судија, Ади Усеини. Сускиот процес е одложено на барање на одбраната, кое побарало да се спроведе вештачење од страна на невропсихијатар.

Како сведоци се предложени и тројца ученици, кои биле сведоци на самиот настан, а кои се повикани преку нивните родители, бидејќи станува збор за малолетни лица. Инаку Основното јавно обвинителство Струга на 30 декември, поднесе Обвинителен предлог против 57 годишниот професор, за сторено кривично дело – Насилство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button