СДСМ и ВМРО не постигнаа договор за новиот Клинички центар

Новиот клинички центар не е дел од договорот меѓу лидерите на македонскиот политички блок, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Покрај формалниот правен дел, разликите помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се големи и во практична смисла. Владиниот предлог предвидува нов, модерен и гигантски клинички центар, чијашто вредност ќе достигне најмалку една милијарда евра. Со ова не се согласува ВМРО ДПМНЕ, која бара пет клинички центри. Додека суштински не почне да се дискутира за моделот, опозицијата нема да ги повлече предложените амандмани. СДСМ од друга страна очекува разбирање од опозицијата која според нив треба да се откаже од дневните интереси и да ги деблокира законите од интерес на граѓаните. Пред неколку месеци, премиерот Заев и понуди на опозицијата мнозинство во надзорниот комитет, но партијата на Мицкоски одговори на 19 февруари предлагајќи над 2.000 амандмани. Опозициската блокада дојде неколку дена откако изјавија дека е потребен компромис за новиот Клинички центар и дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да ја поддржи владата во спроведување на овој проект. Проектот за Клинички центар во претходниот мандат на премиерот Заев двапати потфрли. Партиите на Албанците едногласно се изјаснија за поддршка на овој проект.
Adrian Kerimi