ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата даде зелено светло на предложените измени за цените во приватните болници

Владата даде зелено светло на предложените измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита. Со овие измени се предвидува приватните болници да ги намалат цените за лекување на пациентите со корона. Законот се очекува да влезе во собраниска процедура наредните денови.

„Предлагаме цените во приватните болници да бидат еднакви на референтните цени на Фондот за здравство. Со законските измени, дијагностицирањето и лекувањето на пациенти со Ковид, предлагаме да се движи од 40 илјади до 305 илјади денари. Државата, покрај тоа што има овластување да склучува договори со приватни болници преку ФЗО, може да наметне ограничување на максималните шифри за приватно лекување од Ковид 19.“

Во меѓувреме, партијата Левица го достави до Собранието новиот нацрт-закон за дијагностицирање и лекување на пациенти со Ковид за време на пандемија.

Во меѓувреме, бројот на погодени од КОВИД-19 повторно се зголеми. Иако претходниот ден министерот Филипче зборуваше за стабилна состојба, денеска рече дека ситуацијата е сериозна и оти има мало зголемување на бројот на хоспитализирани.

Vjollca Aliti

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button