СДСМ ја обвинува власта дека ги оставила граѓаните сами да се справуваат со високите цени и застанала на страната на бизнисмените
СДСМ ја обвинува власта дека ги оставила граѓаните сами да се справуваат со високите цени и застанала на страната на бизнисмените

Од СДСМ економската политика на Мицкоски ја нарекоа фијаско. Според нив, потрошувачките кошнички доживеале дебакл, а наместо цените да се намалуваат, имало поскапување на храната и основните производи.
“Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на маркетите да го кренат гласот против високите цени и енормното поскапување. Наместо веднаш да преземе мерки и да ги намали цените Власта на Мицкоски ги остава работите како што се иништо не прави за намалување на цените. Граѓаните се оставени да се справуваат сами. Едноставен е одговорот, политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата, а граѓаните се оставени сами на себе”, велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економијата била во слободен пад од политиките на претходната влада на СДСМ, но сега закрепнува.
“Додека елитата на СДС се богатеше, над пола милион граѓани донесоа на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден. Тешката економска состојба и пустошот којшто го оставија за седумгодишното владеење, не се средува за осум месеци. Но тоа што можеше да се поправи за толку кратко време веќе средено. Како на пример запрен е слободниот пад на економијата која што беше вртоглав како последица на лошите економски политики на СДС”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, опоравувањто на економијата и зголемувањето на БДП-то ќе продолжи и оваа година./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши