ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ против лидерска средба и привремена влада за корона-кризата и спорот со Бугарија

СДСМ категорично ја отфрла можноста за предвремени парламентарни избори или привремена влада за управување со кризата и решавање на споровите со Бугарија. Од партијата на Заев велат дека опозицијата со своите барања само го забавува процесот. Не прифаќа ниту лидерска средба.

-Не. Граѓаните се одлучија за ова прашање на последните парламентарни избори што беа пред само пред четири месеци. На губитникот Мицкоски граѓаните му го покажаа патот… Не ни требаат конфликти и расправии, не ни требаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се расправа со некого.“

Не. Граѓаните одлучија за ова прашање на последните парламентарни избори

Работиме на решение во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го забавува процесот

Опозицијата долго време бара лидерска средба на која би се постигнал договор за проширена влада со привремен мандат. Новата влада, според опозицијата, би имала мандат да најде решение за здравствената криза и да го реши спорот со Бугарија. Од партијата на Мицкоски велат дека ќе ги искористи сите демократски методи за да ги реализираат своите барања.

Албанската опозиција исто така бара проширена влада и предвремени избори. Според нив, проширената влада треба да има мандат до октомври следната година кога, заедно со локалните, да бидат организирани и парламентарни избори.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button