ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За 50 проценти ќе се намалат трошоците за регистрација на странските возила

За 50 отсто се намалуваат трошоците за регистрација на возила со странски таблички. Владата денеска го усвои Законот за регистрација на возилата со странски регистарски таблички. Според информации на Алсат со законот ќе се предвиди дека новите правила ќе важат за сите моторни возила кои во земјава се увезени заклучно до први октомври 2020 година. Сопственикот на возилото има обврска да ги има платено сите царини и даноци кон државата во рок од шест месеци од денот на влегувањето на сила на овој Закон, дознава Алсат од високи владини функционери.

„Возилата кои ќе се увезат и регистрираат согласно овој закон имаат намален износ на обврските кон државата за 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз.“

Овој Закон ќе важи една година по неговото  влегување во сила.

„За регистрација сопственикот ќе има обврска да обезбеди документација за потекло на возилото, сопственост на возилото, регулирани давачки кон државата за царина и данок, техничка исправност, измерени вредности на издувни гасови, извршено осигурување, платени такси.“

Сега на ред се пратениците, односно законот се сели во Собранието каде ќе продолжи расправата за ова законско решение. Откога ќе биде донесен, Законот треба да биде објавен во Службен весник и по десетина дена почнува неговата примена.

Алсат веќе објави дека според податоците на  Царинската управа во текот на оваа година најголем дел од увезените возила се од државите од Европската Унија, односно од Германија, Бугарија и Словенија. Помал дел се и од САД.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button