ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нарачувала лажни анкети, партијата бара извинување и најавува тужби за клевета

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска објави документи со кои, како што велат од партијата, се потврдува дека „лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“. ОД ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека документите се лажни и бараат извинување, а во спротивно најавуваат тужба за клевета.

– Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 5 декември 2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести. Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува, се вели во соопштението од СДСМ.

Планот, според партијата, предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитувале на МТВ,а дефиниран бил и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа три опозициски и еден од власта.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, веднаш реагираа на тврдењата на СДСМ и велат дека документите на СДСМ се целосно измислени. Од партијата најавуваат дека ќе следува тужба за клевета.

-Најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС. Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС. Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button