МАКЕДОНИЈА

Се бара зголемување на бројот на логопеди Албанци во клиниките и амбулантите

Да се зголеми бројот на логопеди Албанци во клиниките и во амбулантите за полесен пристап на децата кои имаат проблеми со зборување и слушање, како и потешкотии во пишувањето и читањето. Ова го побараа од здружението на логопеди Албанци „ЛогоАлб“, кои денеска со делење на маски и брошури на граѓаните во старата скопска чаршија по шести пат го одбележа 6 март, Европскиот ден на логопедите.

„Бројот на логопеди се зголемува во Македонија, но, за жал, сите сме вработени во приватни центри, некој отворил свое здружение и работат со деца, други се вработени во други здруженија, а мал број се во државни институции, но сепак не е доволен бројот, бидејќи државните институции треба да ги отворат вратите за нас и да вработат што повеќе логопеди бидејќи бројот на деца кои имаат логопедски проблеми се зголемува од ден на ден“, рече Мухарем Исмаили – претседател на Здружението на албански логопеди.

„За жал бројот на деца кои имаат потешкотии во зборување е постојано во пораст и апелираме, одбележувајќи го денот за децата да бидат повнимателни и навремено да бараат лекување. Бидејќи раното лекување носи подобри резултати“, изјави Нермин Шаќири – Здружение на албански логопеди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button