ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Се дигитализира работата на пазарниот и трудoв инспeкторат

Компјутерски софтвер ќе бира во која фирма инспекторите од трудов и пазарен инспекторат треба да извршат контрола или надзор.Записниците од извршената конторла ќе се испраќаат електоронски, и исто така ќе се издаваат решенија со што драстично ќе се намали влијанието на човечкиот фактор вели Николовски.

„Инспекторот неможе сам по свое лично убедување да одлучува во која фирма ќе врши контрола или надзор, одлуката ќе ја носи софтверот кој инспектор каде треба да оди кој врз основ на базата на податоци која што ќе се полни автоматски ќе ги определува субјектите односно ќе ги рангира со високо, средно или ниско ниво на ризик и автоматски ќе планира надзори во високо ризичните објекти“, изјави Љупчо Николовски- Вицепремиер задолжен за борба против корупција.

Од инспекцискиот совет велат дека овој систем нема да влијае врз намалување на сивата економија и затајувањето на данокот, и дека со него се дигитализира системот на работа. За сузбивање на сивата економија велат потребни се измени во Законот за инспекциски надзор, со кои ќе има поригорозни мерки.

„Сметаме дека одредени мерки кои се предвидени во овој закон треба да бидат засилени, во законот е како прва мерка е опомена, ставот на инспекцискиот совет беше и е дека опомената треба да биде тргната да се оди директно на изрекување мерка“, рече Магдалена Филиповска Грашковска, петседателка на Инспекцискиот совет.

Следната година во овој систем ќе се вклучат уште 13 државни инспекторати, а потоа и сите преостанати инспекциски служби.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button