ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се најавува кривична одговорност за фирмите-неплаќачи на плати од државната помош

Владата бара кривична одговорност од речиси 1.200 претпријатија поради злоупотреба на државната помош за исплата на плати. Според јавно објавените листи на веб-страната на Владата, за сите компании се поднесени пријави до Основното јавно обвинителство. На повеќе од три илјади работници не им биле исплатени платите иако за тоа работодавачите земале државна помош. Според пресметките кои ги направи Алсат, државата била оштетена со речиси еден милион евра.

„Предметниот обвинител што постапува по предметот за целосно расчистување на наводите ги очекува одговорите што треба да ги даде Управата за јавни приходи“, наведуваат од ОЈО.

Мерката финансиска помош за исплата на плати се реализираше седум месеци и беше една од најискористените мерки за справување со последиците од пандемијата. Синдикатите постојано апелираат државата да изрекува повисоки парични глоби, но и казни затвор до една година за работодавачите кои не им ги дале платите на работниците. Засега ним УЈП им дава рок од седум дена можност да ги исплатат парите, но доколку не го сторат тоа, ќе им ги блокира сметките и ќе следува присилна наплата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button